Временска прогноза

Објавено на 15 јануари, 2016 во 06:24

Денеска  под влијание на нов влажен бран ќе има локални врнежи од дожд, особено на запад, каде на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува и засилен јужен ветер (и над 70 км/час). Во сабота ќе има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег.

До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови, каде се очекува повеќе од 50 см нов снег. На повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см. Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат.

За време на викендот и во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.