Магла кај Страцин,Тетово и Стража

Објавено на 16 јануари, 2016 во 10:06

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Магла со видливост од 50-100 метри има кај Страцин,Тетово и на планинскиот премин Стража.

Посебно внимание, како што истакнуваат од Авто мото сојузот на македонија, е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Забрана за тешки товарни возила и автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.