Временска прогноза
Објавено на 12 февруари, 2016 во 06:38
Променливо облачно со повремен дожд, особено попладне во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Tемпература до 14 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во сабота, кога повремено ќе дува и засилен јужен ветер.