Денеска сончево со температура до 11 степени
Објавено на 23 јануари, 2020 во 07:46
Времето денеска, според УХМР, ќе биде сончево, на места со зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови.
Утрото ќе биде студено, а максималната дневна температура се очекува да достигне до 11 степени.
За време на викендот ќе биде променливо облачно.
В недела и в понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.
Во вторник пак се очекува суво време.