Силен земјотрес на Пелопонез

Објавено на 16 февруари, 2016 во 08:46

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер, го погодил грчкиот остров Пелопонез. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Пиргос, на длабочина од 10 километри, објави Институтот за геодинамика во Атина.

Засега нема извештаи за причинита материјална штета или за повредени лица. Локалните власти соопштиле дека потресот бил почувствуван и на островите во Јонското море.

Во ноември, минатата година, две лица загинаа на Лефкада,  во земјотресот кој оштети многу патишшта и објекти, а чија јачина беше 6 степени според Рихтеровата скала.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.