Обама ја почна историската посета на Куба

Објавено на 21 март, 2016 во 08:48

Американскиот претседател Барак Обама вчера пристигна во Хавана со што ја започна историската посета на Куба, прва на претседател на САД по 88 години. Посетата, која претставува голем чекор кон подобрување на односите заладени од револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година, доаѓа 15 месеци откако Обама ја смени американската политика спрема Куба и започна да ги нормализира односите, јави Радио Слободна Европа.

Највисок претставник на Куба на пречекот на аеродоромот во Хавана беше министерот за надворешни работи Бруно Родригез Париља. Обама најпрвин се сретна со персоналот на повторно отворената американска амбасада во Хавана. Предвидено е Обама да се сретне со кубанскиот претседател Раул Кастро, како и со политички дидиденти.

Вчера протестот на дисиденти во Хавана беше разбиен, само неколку часа пред доаѓањето на Обама, а неколкумина беа уапсени.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.