Бијонсе објавува албум по 6 години: Фановите разочарани од новата песна
Објавено на 23 јуни, 2022 во 11:32
Една од најпопуларните пејачки Бијонсе ја објави песната „Break My Soul“, која ќе се најде на нејзиниот нов албум „Renaissance“.
Поминаа шест години од последниот албум „Lemonade“ и сите очекуваа многу од Бијонсе, но изгледа дека сега нејзините слушатели не се баш задоволни.
Песната е првиот сингл од албумот „Renaissance“, кој, како што е најавено, ќе биде објавен на 29 јули.
Бијонсе изгледа не го подоги вкусот на повеќето, а иако има и позитивни коментари, има уште многу кои ја критикуваат пејачката.
„Продукцијата звучи евтино и генеричко. Не е на нивото на стандардите на Бијонсе“, „Тоа е здодевна песна“, „Каков текст е ова?“, се само некои од коментарите под песната, но и на социјалните мрежи