Научник пронајде голема грешка на турската банкнота од пет лири
Професорот Азиз Санкар наишол на, за повеќето занемарлив, но за научниците интересен проблем кој се наоѓа на турската банкнота од пет лири. Научникот пронашол голема грешка на банкнотата.
Турско- американскиот биохемичар Азиз Санкар, воедно и добитник на Нобелова награда за хемија поради своето работење на мапирање на процесот за поправка на ДНК укажал на грешката стара повеќе од седум години.
Имено, на банкнотата од пет лири, која е во оптек од 2009 година, се наоѓа ликот на историчарот Ајдин Сајили како и симболи на планети, атоми и двократни спирали на молекули на ДНК, а проблемот лежи токму во неа.
Како што објаснил професор Санкар, на банкнотата се наоѓа спиралата позната како З-ДНК, една од можните структури на двократна спирала, а која е свтикана од левата на десната страна. Проблемот е во тоа што во реалноста спиралата е свиткана од десната на левата страна.
Иако грешката можат да ја забележат само реалните познавачи на материјата, тоа не ја спречило Централната банка на Турција веќе пет години да ги игнорира сугестиите на Санкар. Имено, професорот уште во 2011 година на споменатата институција ѝ упатил писмо во кое ја изложил својата забелешка. Професорот сè уште чека на одговор.
Извор: Плусинфо.мк