ФОТО: Ријана се забавува и откажува концерти
Објавено на 26 март, 2013 во 19:22
Популарната пејачка Ријана продолжува со развратниот начин на живеење – забавувања, пиење и уживање во лесни дроги. Сето ова има цена, па и настрада грлото. Поради ларингит, мораше да откаже два концерта од долгонајавуваната турнеја “Дајмондс”.
Лекарите и препорачуваат да направи пауза од ноќниот живот и да се посвети на здравјето и на кондицијата. Тие ~ се неопходни за реализацијата на турнејата.
Со слични проблеми Ријана се соочуваше и на претходната турнеја, која мораше да ја прекине за да собере сила за да го реализира остатокот од концертите.