Линдзи Лохан: Рехабилитацијата е благослов!
Објавено на 10 април, 2013 во 18:56
Актерката Линдзи Лохан првпат се појави на телевизија откако е донесена пресудата дека мора да оди на рехабилитација.
Таа во емисијата на Дејвид Летермен плачеше и се смееше.
Линдзи изгледаше дека конечно е подготвена да ја преземе одговорноста за се што и се случува во животот. Проблематичната актерка неколку пати заплака во емисијата „Лејт шоу“ откако доби комплименти од водителот дека „машки“ ги поднесува неговите шеги.
– Рехабилитацијата која следи на 2 мај е благослов, а не проклетство. Да бидам искрена, најсреќна сум кога работам и кога сум здрава. Мислам дека ова е можност да се концентрирам на тоа што го сакам во животот, изјави Лохан.
Тоа би била шеста рехабилитација за Лохан и ќе трае три месеци./В.Р