Британски актер тврди дека е татко на децата на Мајкл Џексон
Објавено на 6 мај, 2013 во 13:19
Актерот Марк Лестер вели дека верува оти тој е биолошки татко на децата на покојниот Мајкл Џексон – Принс (16), Парис (15) и Бленкет (11).
За да го потврди тоа, тој вели дека ќе направи ДНК анализа.
Наведува дека Џексон го замолил да донира сперма година дена пред да се родат децата, за кои Лестер вели дека личат на неговите четири деца.
Лестер (54) испрати порака до децата на Мајкл Џексон со кои не бил во контакт од погребот на Мајкл во 2009 година, и во пораката напишал: Тука сум, дојдете и посетете ја Англија, ние ќе се грижиме за вас./В.Р