Отворен најголем фришоп
Објавено на 4 септември, 2014 во 14:07
Фришопот е голем трговски центар на површина од 72.000 квадратни метри. Производите што во него се продаваат се ослободени од сите даноци.
Во овој фришоп ќе се продаваат повеќе од 300 светски бренда.
Вредноста на инвестицијата која е лоцирана во градот Санија е 814 милиони долари, а со неа управува националната компанија „Чајна дјути фри груп”.
Кинескиот државен совет во април 2011 година ја одобри програмата за бесцаринско тргување во покраината Хаинан, а новотворениот центар е седумпати поголем од тој што работел изминативе три години.
Островот Хаинан е тропски кинески остров, а кинеската влада постави цел до 2020 година да стане препознатлива туристичка дестинација во светот, јавува агенцијата Анадолија.