Играта „Монопол“ може да трае со денови без караници
Играњето „Монопол“ често може да потрае со часови и најчесто да заврши со караница помеѓу играчите. Причината за бескрајното траење на играта е поради тоа што играчите најчесто занемаруваат едно многу важно правило.
Неодамна, блогерите кои пишуваат за игрите, започнале кампања во која им се објаснува на луѓето како правилно да ја играат оваа друштвена игра, а најважното правило, кое многумина воопшто не го читаат, го објавиле на Твитер.
Правилата на „Монопол“ бараат од играчот да застане на некое поле кое не е купено и да одлучи дали сака да го купи, а доколку не сака, тогаш банката мора да го стави на аукција. Целта е во тоа што полињата треба за брзо време да се продадат и така да се забрза целата игра.
Сепак, многу играчи го занемаруваат ова правило мислејќи дека полето ќе биде достапно сè додека повтоно некој не застане на него, а тоа може да се случува со часови. Тука е добро да се спомне дека најдолгата партија „Монопол“ траела дури 70 дена.
Официјалните правила на играта, кои ги објавил произведувачот Хасбро, наведуваат дека доколку играчот не сака да го купи полето на кое застанал, банката го продава на аукција по која било почетна цена.
Играњето „Монопол“ според правилата дефинитивно ја забрзува играта. Уште едно правило, кое многумина го занемаруваат е забраната за градење повеќе од еден хотел.