Вилјам и Кејт очекуваат второ дете
Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон очекуваат второ дете, соопшти вчера „Кларенс хаус“, службената резиденција на војводата и војвотката од Кембриџ, потврдувајќи дека сопругата на идниот британски крал е бремена.
Лондонските медиуми во изминатиов период неколкупати пишуваа дека Кејт би сакала да има уште едно дете, тврдејќи дека таа и принцот Вилијам посакуваат второто дете да биде девојче.
Исто како и во првата бременост, така и сега Кејт страда од „hyperemesis gravidarum“ и има проблеми во утринските часови, проследени со гадење и потреба од повраќање, што бара постојано присуство на лекар во Кенсингтонската палата.
За разлика од првата бременост, принцезата овој пат нема да оди во болница, туку за нејзиното здравје ќе се грижи тим на лекари во домашни услови.
Инаку, освен утринските мачнини, целокупната здравствена состојба на принцезата е добра.
Анонимен извор од кралското семејство тврди дека Кејт се’ уште не е стасана до круцијалната 12. гестациска недела од бременоста, а беше принудена да ја открие веста поради нејзината состојба.