Не ги перете фармерките!
Генералниот директор на култниот бренд Левис, Чип Берг тврди дека фармерките не треба да се перат никогаш!
Тој вели дека самиот се придржува кон ова правило и дека своите фармерки не ги испрал повеќе од една година.
– Знам дека звучи одвратно, но верувајте ми дека така е најдобро. Можете да ги исчистите поминувајќи ги со сунѓер или да ги исчеткате. Верувајте дека секој искусен произведувач и љубител на џинс ќе ви го каже истото, вели Берг.
Левис неодамна прослави 141 година постоење, а за уште подолготраен квалитет на она што го изработуваат, наместо перење велат дека треба да се замрзнува во фрижидер. Замрзнувањето било доволно да се прави еднаш месечно за да се неутрализираат непријатните миризби и бактериите.
Водителот Андерсон Купер кој исто изјави дека омилените фармерки ги пере еднаш годишно, а ги замрзнува во фрижидер.