Се што треба да знаете за сончогледот
Се смета дека Мексико е татковина на сончогледот. Уште од најраната историја на човештвото, семките на оваа билка се сметаат за еден од најважните и најдобрите продукти.
Индијанците од Северна, Средна и Јужна Америка од сите видови на семки највеќе го ценеле сончогледот. На тој начин таа билка станала симбол на богот Сунца, бидејќи во раните утра своите цветови ги вртеле кон сонцето кое тоа се “буди”.
По тие карактеристики сончогледот го дибил и своето име. Шпанците со освојување на Американскиот Континент, поради убавината на сончогледовите цветови, го донеле во Европа во 1504 година, па така првите цветови на сончогледот процветале на Мадритските ботанички градини, како украсна билка. Сончогледот брзо се проширил по Европа, но дури во 1830 година е утврдено дека има многу повеќе од убавиот изглед, кога во јужните делови на Русија, каде за прв пат од сончогледовите семки е исцедено масло. Од тогаш, па сè до денес, Русија е меѓу најголемите производители на високо квалитетното масло.
Со почетокот на 20 век, започнува одгледувањето на сончогледот и во останатите Европски земји. Денес е познат како култура на сончевите и суви предели. Од вкупното производство на сите масла за јадење, на сончогледовото му припаѓаат 90-95%.
Семките од сончогледот се многу здрави за целиот организам. Тие содржат многу хранливи и корисни состојки. Сончогледови семки се богати со омега-3 масни кисeлини, кои помагаат да се зачува влажноста на кожата и го спречуваат нејзиното сушење, ја зголемуваат нејзината елaстичност и цврстина.
Омега – 3 масните киселини од сончогледот ја подобруваат текстурата на кожата и го спречуваат појавувањето на пигментациите на кожата и ги ублажуваат брчките. Едно истражување покажало дека кожата на луѓето, кои во текот на 6 недели јаделе дневно само 2 грама семки од сончоглед, значително се подобрила, исчезнале лузните од акните и другите кожни проблеми (флеки и други разни кожни иритации). Кожата им станала поеластична, помека, посјајна и помлада.
Покрај големата количина на омега-3 масни киселини, во семките на сончогледот има и големо количество на витамин Е и селен, кои исто така се важни за здрава и убава кожа.