Гламурозно кампување на уникатни дестинации
Под терминот гламурозно кампување се подразбира надворешен и внатрешен престој кој ги има сите удобности како и хотелското сместување, со клима, приватни бањи и големи кревети.
Љубителите на кампувањето повеќе не сакаат да престојуваат во истите услови како претходно, бидејќи со новитетите се зголемува и нивната желба за поголема удобност.
Ресортот Паус Ап во Монтана
Ова е едно од најпознатите локации за кампување каде се нуди струја, загреани подови и батлери. Исто така, посетителите можат да уживаат во јавање коњи и риболов, а по напорниот ден да отидат на масажа. За вечера, има неколку опции во вид на ресторанска услуга, скара или собна услуга. Цената за едно ноќевање за двајца чини околу 2.225 долари.
Вајтпод во Швајцарија
На Швајцарските Алпи, зимското кампување во поставените шатори е идеално место од каде се гледа кон селото Ле Карниер, а во него се вклучени печки за греење на дрва и приватни бањи, додека просторот е дополнително збогатен со декоративни антиквитети. Во текот на денот, се нуди скијање, сноубординг и лизгање со санки, а за оние помалку активните спа услугите се идеално решение. Цената за едно ноќевање изнесува 617 долари.
Лонгитуд 131, Австралија
Секој шатор си има свое име, вклучувајќи и личен iPad и звучници, дневно домаќинство па дури и хемиско чистење. Автоматските ролетни им даваат избор на гостите дали сакаат да уживаат во глетката или во климатизираната приватност. За време на престојот, гостите можат да шетаат, да јаваат камили и со хеликоптер да патуваат околу Националниот парк Улуру Ката или пак едноставно да се релаксираат покрај базенот. Денот можат да го завршат на масата 131, на која се служат гурмански јадења покрај преубавото зајдисонце. Барот, кој работи 24 часа нуди забава која никогаш не престанува. За едно ноќевање, посетителите издвојуваат по 2.258 долари, а минимум мора да се пријават две ноќевања.
Грејстроук Махал во Танзанија
Ова и не е некој новитет кога станува збор за африканското сафари. Кампот е основан во 1988 година и комбинира луксузно кампување и удобна поврзаност со природата на сафарито. Во близина нема патишта, а единствениот начин да се стигне е неколкучасовното патување со авиони и бродови. Изградениот ресорт има спектакуларни погледи од луксузните дрвени колиби кои се наоѓаат длабоко во шумата покрај езерото Танганика. Единствената голема структура е главниот дел за ручање во чиј склоп има и бар покрај самата плажа. Главна атракција се шимпанзата, најбројните жители на оваа област. Цената за четири ноќевања за едно лице чини 4.583 долари, а во неа е вклучен и авионскиот превоз од Аруша, Танзанија.
Хотел на дрва во Шведска
Во шумите на преубавата Шведска се наоѓаат модерни куќи на дрва. За сега, ги има само пет и секоја има различна форма. Гостите се пријавуваат на рецепција, а се исхрануваат во ресторанот кој е во непосредна близина на куќите. Во текот на зимските денови, се нуди и лизгање со санки со кучиња и рибарење, додека во потоплите денови гостите можат да учествуваат во планински велосипедизам или кајакарење. Цената за едно ноќевање за две личности се движи до 662 долари.
Еко кампување во Патагонија, Чиле
Овие еко кампови во срцето на Националниот парк Торес дел Пеин се идеална дестинација за љубителите на авантурите. Со самата резервација е вклучена експедиција од 4 до 9 дена комплетирана со различни активност како пешачење, велосипедизам, скијање и сафари. Во камповите има бањи и грејачи на гас, а едно патување чини по 4.345 долари од посетител.
Тркалезната куќа во Англија
Во Корнвел, Англија овој туристички објект понуди историски пресврт на кампувањето. По риболовот, сурфањето и пловењето, посетителите можат да преноќат во стилизираниот дом од Железното доба, додека вечерите можат да ги минат во набљудување на ѕвезденото небо. Преноќувањето чини 436 долари од вечер.
Јурт Вилиџ во Фалинг Вотерс Ресортс, Северна Каролина
Лоцирано длабоко во шумите, ноќевање на ова преубаво место чини само 84 долари. Посетителите спијат на големи кревети, а собите се современо опремени со кафемати и фрижидери. Можеби сместувањето не е толку луксузно како претходните, но е совршена дестинација за љубителите на природата кои имаат скромен домашен буџет, пренесува Time.