Државата Филипини низ интересни факти и фотографии
Во југоисточна Азија се наоѓа државата Филипини, оддалечена на повеќе од 1200 километри од копното на Азија. Филипините се состојат од вкупно 7107 острови, а едвај 700 од нив се населени. Најголемите се: Лузон, Минданао, Палаван и Миндоро.
Што друго не знаете за Филипините, ќе дознаете ако ги прочитате следните редови:
1. Земјата е рангирана на број 12 меѓу густо населените држави во светот .Населението на Филипините изнесува околу 90 милиони луѓе .
2. На територијата на земјата има над 200 вулкана, иако само некои од нив се активни.
3. Знамето на Филипините е единственото во светот, чии бои можат да бидат свртени.За време на војна горната боја е црвената, а под него е сината. Во мирно време е спротивното.
4. Во филипинскиот спелеолошки комплекс Табо се пронајдени остатоци на хомо сапиенс.
5. Некои од оризовите тераси во Филипини се заштитени од УНЕСКО.
6. Првиот Европеец кој ја посетил земјата е португалскиот истражувач Фернандо Магелан
7. Највисоката точка на Филипините еврвот Апо , лоциран на островот Минданао.Висината достигнува 2954 метри.
8. Околу 80% од вкупниот број на населението на земјата се католици .
9. Филипинците имаат различно етничко потекло : малајско, кинеско, шпанско, американско и друго.
10. Државата го добива своето име во чест на шпанскиот крал Филип II .
11. Главниот град на Филипините – Манила , пак е именуван во чест на мангровото дрво со бели цвеќиња (nilad).
12. Во периодот меѓу 1521 и 1898 година земјата била шпанска колонија . Потоа Архипелагот станува сопственост на САД.
13. Филипините се првата држава во југоисточна Азија, која добива независност по крајот на Втората светска војна во 1946 година.
14. Областа на земјата е приближно еднаква на онаа на Италија.
Еве неколку убави аматерски фотографии од Филипините.