Апликација за позабавно будење
Повеќето луѓе веќе не користат класичен часовник како аларм, туку се будат со своите паметни телефони.
Иако опцијата за аларм функционира супер, може да дојде време кога ќе сакате нешто повеќе од обичниот аларм на телефонот.
Кога тоа ќе се случи, истражете за апликацијата „Timy Alarm Clock”. Оваа апликација изгледа доста едноставно на прв поглед, има опција за „snooze“, можете да си поставите свој рингтон. Интерфејсот изгледа многу слично на аларм апликацијата на „iPhone“ што значи дека е многу лесна за користење.
Она што ја прави оваа апликација посебна е опцијата која ве тера да бидете активни веднаш штом ќе се разбудите. Кога вашиот телефон ќе почне да свети во шест часот наутро можете да изберете дали ќе притиснете „snooze” кој трае 10 минути, или да играте игра да го исклучите алармот.
Се што треба е да го изнервирате животното кое ќе ви се појави на екранот веднаш до опцијата „snooze”. Играта е едноставна, а воедно е и супер начин да го разбудите својот мозок. Алармот не можете да го исклучите никако, а опцијата „snooze“ не функционира.