Адел си го заштити името!
Објавено на 23 декември, 2012 во 17:31
Пејачката Адел го заштити своето име во надлежната британска установа за заштита на интелектуалната сопственост.
Она на овој начин ака да го спречи неовластеното користење на нејзиното име при продавање на производи кои со неа немаат никаква врска, односно, од кои нема никаква корист.
Адел не сака било кој да го експлоатира нејзиното име така што ќе го користи во продажба и промоција на разни производи при што потрошувачите мислат дека имаат врска со неа.
Сега пејачката ќе може да поднесе тужба против секој кој неовластено ќе го користи нејзиното име на пазарот.
А вие погледнете го настапот со кој Адел го зансее светот:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=qemWRToNYJY{/youtube}
