Во продажба првиот соло албум на Тајзи
Објавено на 2 октомври, 2013 во 11:30
Веќе од вчера може да го најдете првенчето на Тајзи во сите трафики и продавници низ Македонија. “Нешто поинакво” е првиот соло албум на овој поинаков артист кој на публиката нуди 10 ново издадени песни и 2 бонус, веќе чуени траки.
На албумот покрај Тајзи како текстописец на сите песни, се потпишуваат и нашите музички продуценти Марко Наумовски, Иван Јованов, Јован Јованов, Роберт Билбилов и Нино Васков.
Носечката песна на албумот се вика “Пишано е” за која веќе е снимен видео спот кој ќе се промовира другата недела.
До тогаш, чујте ја оваа заразна песна на која и е пишано да стане хит на нашите радио станици:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=vAY0E3Px3kU{/youtube}