Тајзи освои две награди на фестивалот „Марс“
Објавено на 27 ноември, 2013 во 12:41
Тајзи на вчерашниот Радиски Фестивал МАРС се заќити со 2 награди и тоа за “Ѕвезда што се раѓа” и “Награда од публиката” за 2013 година.
Со песната “Регетон” која е дел од неговиот Соло албум “Нешто поинакво”, Тајзи оваа година ја доби престижната Радиска награда која е најдрага за секој артист, а тоа е за најслушана песна одбрана од страна на Публиката.
Покрај паричната награда од 30.000 денари, она што најмногу го радува Тајзи и неговата Продукциска куќа е наградата за користење на Универзалната сала во кој простор уште сега Тајзи планира да го реализира неговиот прв Соло концерт.
Нека му е со среќа, да прави уште многу хитови и наредната година, па како што вели тој: “Во 2014та се гледаме и на концерт”