Нова монета од пет фунти по повод 40-тиот роденден на принцот Вилијам  (фото)

Објавено на 25 мај, 2022 во 13:58

Четириесеттиот роденден на британскиот принц Вилијам ќе биде одбележан со издавање на монета од 5 фунти со неговиот лик, соопшти Кралската ковачница.

Официјалниот државен производител на монети на Обединетото Кралство ја претстави монетата во пресрет на роденденот на Вилијам на 21 јуни.

Ликот на војводата, втор во редот за тронот, за првпат ќе се појави самостојно на официјална монета искована во Кралската кованица.

Креирана е од дизајнерот и гравер Томас Т Доерти. Во средината на монетата е портретот на Вилијам, а околу него кралскиот код на војводата – првата буква од неговото име – W, веднаш до бројот 40.

Од другата страна на паричката ќе биде ликот на кралицата Елизабета Втора, дизајниран од Џоди Кларк.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.