Данска најсреќната земја во светот

Објавено на 17 март, 2016 во 09:29

Данска, Швајцарија и Исланд – ова се трите најсреќните земји во светот, се наведува во извештајот, според мерењето на нивото на среќа во 157 држави, подготвен од организацијата „SDSN“.

На следните места се рангирани Норвешка, Финска, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Австралија и Шведска.

Извештајот се подготвува четврта година по ред, земајќи ги предвид факторите како БДП, траењето на животот, нивото на корупција и други.

Како најнесреќни земји во светот се назначени Мадагаскар, Танзанија, Либерија, Гвинеја и Руанда. Топ 10 ги пополнуваат Бенин, Авганистан, Того, Сирија и Бурунди.

Откако минатата година го заземаше 93-то место, во 2016-та година, Македонија е рангирана на 95-та позиција. Пред нас е Португалија, а по нас – Виетнам.

Според листата, не само економскиот просперитет носи среќа на населението на една земја. Тие за пример ја посочуваат Костарика, која не може да се пофали со титулата „економска сила“, но пак го зазема 14-тото место. Како љубопитен е наведен и фактот дека во пет земји во светот постои позиција „министер на среќата“. Тоа се Бутан, Еквадор, Шкотска, Обединетите Арапски Емирати и Венецуела.

 

Извор: Локално.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.