За жените најсекси се мајсторите а потоа спортистите!
Приготвувањето храна и спортот се примамливи но не толку колку и мајсторските вештини кои се потребни за ситни поправки во куќата.
Дури 74 отсто од жените сакат покрај себе маж кој знае да работи со алати а 61 отсто се подготвени да ја прекинат врската ако се открие дека партнерот не е во состојба да ги поправи ситните дефекти во куќата.
“На цена ” се и мажите спортисти, потврдиле 69 отсто од жените. Поубавиот пол паѓа и на готварските способности, па трета за нив најсекси личност е маж кој добро се снаоѓа во кујна. Ако партнерот ги има сите овие три особини тогаш за жените тој е совршен маж.
На женската листа на привлечни мажи се стигнува преку внимателеност во сообраќајот и добро управување со финансиите,потврдило испитувањето на британската компанија Spaceslide.co.uk.
И за крај 12 отсто од жените признале дека би се одлучиле за врска со маж кој добро се снаоѓа со алатот и поправките отколку со некој кој е „само“ добар љубовник, посебно ако се работи за потенцијален партнер за долготрајна врска или брак,пренесува Дејли Мејл.