Три мита за жените и кариерата
Мажите и жените се еднакви на работа
Вистина: Иако во последните неколку децении жените многу напредуваа, денес заработуваат во просек околу 85 проценти од машката плата, дури и кога се на иста позиција во фирмата. Еве како да се изборите со ова:
– Промовирајте се на работа. Мажите постојано се фалат за своите достигнувања. Кога жените повеќе би се фалеле, повеќе би се ценеле како запослени во компанијата
– Барајте го она што ви припаѓа и изборете се за „машка“ плата
– Облекувајте се прикладно. Само така ќе ве перцепираат како сериозна деловна жена
– Не дозволувајте некој да помисли дека нема да се вратите на работа само затоа што имате деца. Секогаш борете се да ги добиете најдобрите проекти.
Кога ќе родат деца, жените доброволно поднесуваат оставка
Вистина:. Жените често го напуштаат работното место бидејќи немаат друг избор . Пред да одлучите да имаат деца, размислете добро каков е вашиот претпоставен и колку вистински може да се потпрете на вашиот на вашиот партнер за помош во домот.
Неговата кариера е поважна од вашата
Вистина: Истражувањата покажале дека жените што се вработени се помалку депресивни. Покрај тоа, вашата кариера и нему носи одредена безбедност. Ако посака да отвори свој сопствен свој бизнис, или да го смени работното место, вашиот приход може да обезбеди поддршка во текот на транзициониот период. И доколку се случи тој да ја изгуби работа, ќе му биде драго дека сè уште ја имате вашата.