Фасцинантна глетка: Телескопот Џејмс Веб со нова детална слика од исклучително необична галаксија

Исклучително необичната галаксија која, како што сугерира и нејзиното име, наликува на тркало, настанала како резултат на силен судир помеѓу две помали галаксии.
Тимот кој стои зад вселенскиот телескоп Џејмс Веб ја претстави најновата слика – портрет на галаксијата Тркало, светол објект кој се наоѓа на 500 милиони светлосни години од Земјата, а настанал како резултат на судир на две галаксии.
Веб неколку пати нè воодушеви со слики од вселената, а најновата снимка со нијанси на розова, црвено-портокалова и сина боја едноставно одзема здив. Галаксијата Тркало спаѓа во категоријата леќеста галаксија и се наоѓа во соѕвездието Кипар. Од НАСА велат дека, за разлика од пораспространетите спирални галаксии, галаксиите како оваа галаксија се многу ретка глетка.
Webb is on a roll! 🤸
— NASA (@NASA) August 2, 2022
This new @NASAWebb near and mid-infrared composite image highlights the Cartwheel Galaxy, the result of a high-speed collision that occurred about 440 million years ago, along with two neighboring galaxies. Get the details: https://t.co/c8lEVBBlub pic.twitter.com/eVe8m0k6N7
Судирот што ја создал структурата на двојниот прстен е како „круговите што се создаваат во езерце откако ќе фрлите камче во него“, велат од НАСА. Внатрешното јадро се состои од прашина, додека најсветлите делови на прстенот кријат роеви млади ѕвезди. Надворешниот прстен се шири веќе 440 милиони години, предизвикувајќи формирање на ѕвезди додека надворешниот прстен удира во гасот што орбитира околу сè.
Галаксијата Тркало првпат беше регистрирана од телескопот Хабл, но Веб ја сними со многу поголеми детали благодарение инфрацрвените капацитети. Првиот снима бранови должини од 0,6 до 5 микрони, што може да се види на сликата во сина, портокалова и жолта боја, додека вториот снима бранови должини од 5 до 28 микрони и е одговорен за црвената боја на сликата.
Телескопот Веб штотуку почна да ги осветлува тајните делови на нашиот универзум, а со текот на времето дури и ќе ни помогне во потрагата по вонземјани. Патувањето, заклучува „Gizmodo“, само што започна!
