Астро Гастрономија!
Со примена на соодветна исхрана може да се чуствувате здрави, среќни и позитивни. Астролозите направиле список на намирници кој секој хороскопски знак би требало да го почитува.
Овен
Без разлика дали предводи, се бори, се однесува еуфорично или пак е депресивен овој хороскопски знак својот темперамент може да го смири со лесна храна. Зелениот и црвениот зеленчук, зелката, цвеклото, спанаќот треба да бидат дел од неговата секојдневна исхрана. Овните честопати се склони кон анемија, па затоа им се препорачува да консумираат продукти богати со железо. Од овошјата најмногу им одговараат грозјето, црешите, вишните и рибизлите.
Бик
Знак со меланхоличен темперамент, но со добро здравје. Бикот сака мирен, комфорен живот и има прилично развиен апетит. Ужива во добри пијалаци, без разлика дали истите содржат алкохол или не. Склон е кон дебелеење, па се препорачува да практикува диети. Треба да консумираат што повеќе сливи, капини и црно грозје.
Близнаци
Близнаците сакаат да готват особено кога станува збор за нови рецепти и се многу пребирливи во однос на храната. Ги привлекуваат егзотичните кујни на далечните земји. Потребно е да консумираат овошје и зеленчук во индиго боја како на пример модар патлиџан или пак боровинки. Одлично им одговараат и различните типови на сирење.
Рак
Раковите обожаваат различни типови на благо. Сепак, добро е да се знае дека поради чувствителниот желудник треба да избегнуваат жестоки алкохолни пијалаци, тутун и многу лута храна. За нив се препорачуваат жолти овошја и зеленчуци како компир, тиква, банана, ананас, лимон.
Лав
Лавот од животот го сака само најдоброто. Парите ги троши на најразлични задоволства, вклучувајќи ја тука и храната. Го цени квалитетот на добрата храна многу повеќе од другите знаци. Треба да внимава да не претера со скарата. Наместо тоа му се препорачува консумација на зелен зеленчук, кељ, зелка и карфиол и житни растенија како пченица и пченка.
Девица
Поради чувствителниот дигестивен систем на девиците не им се препорачува да земаат големи оброци храна од еднаш ниту пак истите да ги комбинираат со жесток алкохол. Наместо тоа треба да јаде често и во помали количини. Има се препорачува исхрана богата со многу зеленчук и течности.
Вага
За вагите е потребно да избегнуваат тешка храна, црно кафе, чоколадо, бел шеќер и индустриска сол. Наместо тоа треба да внесуваат морска сол и мед. Освен тоа добро е да јадат јагоди, бадеми, аспарагус и кафеав ориз. Не им се препорачуваат газирани пијалаци и многу алкохол.
Скорпија
Жестоката скорпија сака пикантна храна и сè што прави има тенденција да претера. Во текот на животот може да развие проблеми со дебелото црево, па затоа треба да консумира лесна храна. Овошје кое им се препорачува се сливите, бананите, ананасот и грејпфрутот. Од зеленчуците треба да земаат жолта пиперка, домати и компири.
Стрелец
За стрелците виолетовото овошје и зеленчук се вистинскиот извор на енергија. Освен тоа добро е со секој оброк да пијат и по една чаша вода. Безгрижните стрелци лесно таложат килограми, доколку не го контролираат апетитот и најмногу се дебелеат во пределот на стомакот и бутините.
Јарец
Идеалната храна за јарците се намирниците со бела боја како сирење, млеко, пилешко месо. Од зеленчуците треба да јаде спанаќ, цвекло и ротквици. Јарецот е скромен кога станува збор за храната и нема некои поголеми барања. Тој го зема само она што му е неопходно и ретко јаде во скапи ресторани.
Водолија
За водолиите кои се поактивни ментално, отколку физички се препорачува исхрана богата со морски плодови, риба, пченка, јаболка и праски. Освен тоа добро им одговараат и моркови и брокули. Не треба да пијат многу кафе бидејќи ги прави многу нервозни. Кафето нека го заменат со чаеви.
Риби
Рибите најчесто се подложни на анемии, настинки и низок крвен притисок. Затоа им е потребна храна богата со железо како јагнешко, јајца, кромид, кајсии и портокали. Солта треба да ја консумираат што е можно помалку, додека кофеинот во некои случаи силно ги надразнува.