Како хороскопските знаци го поднесуваат раскинувањето
Ракот и Рибите ќе плачат со денови, а Шкорпијата ќе смислува одмазда.Еве како вашиот знак реагира на раскинувањето и што може да ви помогне полесно да го преболите поранешниот партнер.
Овен
Овенот нема добро да ја прими веста за раскинувањето, бидејќи во својата глава тие се оние што раскинуваат. Ќе се кара, ќе драматизира и ќе прави сцени, но ако види дека другата страна е одлучна во намерата, брзо ќе се помири со тоа. Оставениот Овен нема долго да тагува, туку ќе почне интензивно да излегува со пријателите, ќе почне да се занимава со спорт и со сите други активности во кои претходно не уживал. Не се надева на смирување, бидејќи во својата глава веќе го брише бившиот партнер и е подготвен за нова љубов.
Бик
Стравот од промени на почетокот ќе го спречува да продолжи напред, но со текот на времето ќе стане свесен дека со раскинувањето добил многу нови можности кои инаку би ги пропуштил. Во меѓувреме, ќе се теши со храна, пиење и дружење со пријателите. Со бившиот партнер нема да останат пријатели затоа што смета дека не може веќе да се потпре на него.
Близнаци
Излегувањето на пијалаци и бескрајните разговори за бившиот партнер, како и посетата на кино или концерти и запознавањето на нови луѓе, им помага да не мислат на раскинатата врска. На тој начин се обидуваат да заборават на тоа што им се случило. Не им се препорачува веднаш да почнат нова врска, туку би било добро да седнат и да размислат која е нивната вина во целата ситуација.
Рак
Раковите се едни од оние луѓе кои секој губиток го доживуваат емотивно, па крајот на љубовната врска за нив ќе биде навистина болно искуство. Ќе се обиде да го убеди партнерот дека можеби не е неопходно раскинувањето, а кога сепак ќе сфатат дека е крај, ќе им биде скршено срцето. Оставениот Рак со денови ќе плаче во својата соба слушајќи музика која го потсетува на убавите денови кога биле среќно заљубени. Некои во момент на очај ќе му се јават на поранешниот партнер, но тоа уште повеќе ќе им ја отежни ситуацијата.
Лав
Лавовите не се снаоѓаат добро во улога на оставен партнер. Иако се тажни поради губитокот на саканата личност, поголем проблем е нивната повредена гордост, па ќе прават нешта за кои би можеле да зажалат. На бившиот партнер нема по никоја цена да му покажат дека се повредени, дури и ако срцето им е скршено. Лавот на другите ќе им зборува дека му е подобро без него, а некои Лавови дури и ќе велат дека сами го иницирале раскинувањето.
Девица
Девицата ќе се обиде на секој начин да ја спаси врската. Ќе направи список за и против раскинувањето, а ако и самата види дека има повеќе причини ЗА, ќе сфати дека така е најдобро. По раскинувањто ќе пристапи на детално чистење на домот, ќе го промени начинот на исхрана или на некој друг начин ќе се обиде да го подобри квалитетот на живот. Другите нема да забележат дека страда, на длабоко во себе Девицата ќе биде тажна и нема брзо да се впушти во нова врска.
Вага
На почетокот се трудат да го наговорат партнерот да го промени мислењето, ветувајќи дека ќе се променат и дека повеќе ќе се трудат околу врската, но нивните напори не секогаш вродуваат со плод. Оставената Вага со денови плаче затворена во соба, со звуците на љубовни песни кои ја потестуваат на бившиот партнер. Со оглед на тоа што не може долго да биде сама, релативно брзо ќе се впушти во нова врска, што и помага полесно да го излечи скршеното срце и да заборави на бившата љубов.
Шкорпија
Гордата Шкорпија воопшто не може да замисли ситуација некој да не сака да биде со неа, затоа раскинувањето за неа е трауматично искуство. Кога еднаш ќе сфатат што се случило, разочарани се и тажни, а самодовербата им е сериозно нарушена. Долго време нема да се впуштат во нова врска, освен во оние пократките авантури, кои се засноваат на физичка привлечност.
Стрелец
Ведриот и безгрижен Стрелец нема сериозно да ја сфати заканата на партнерот дека му раскинуваат. На почетокот мисли дека тоа е само шега, и дека нештата ќе се средат сами по себе, но одлучноста на партнерот ќе ги примора да се соочат со ситуацијата. Иако ќе бидат лути и повредени, брзо ќе се помират со ситуацијата. Ќе сметаат дека можеби така е подобро бидејќи добиле прилика да уживаат во слободата, а со текот на времето ќе најдат некој со кој ќе имаат подобра врска.
Јарец
Јарецот достоинствено ќе ја прифати веста за раскинувањето, но длабоко во себе многу ќе страда. Јарецот не влегува лесно во врска, па затоа во врската секогаш многу се труди. Подготвен е да претрпи многу кризи и караници, па така прв ќе признае пораз кога гледа дека врската веќе не може да се спаси. Нема лесно да се впушти во нова врска бидејќи ќе му треба време за повторно да почне да им верува на луѓето.
Водолија
Ако врската се распаднала поради карактерни разлики, и самата ќе биде свесна дека така е најдобро и нема да се лути. Со бившиот ќе остане во пријателски односи и ништо нема да му замерава. Сепак, ако партнерот ја оставил поради друга личност, нејзината повредена гордост нема да ѝ дозволи лесно да ја прифати ситуацијата. Повредената Водолија не сака да има ништо со некој што ја разочарал и ќе го исфрли од животот.
Риби
Рибите не ја сокриваат својата болка, па со денови и ноќи плачат по бившата љубов и тоа е единствената тема за која разговараат со пријателите. Неретко се тешат и со храна или алкохол, под чие влијание знаат и да му пратат порака на бившиот партнер. Најдобар начин да го преболат раскинувањето е да најдат интересна личност во која ќе препознаат иден партнер. Новата врска ќе им даде смисла за животот и ќе им ја врати вербата во љубовта.