Дали промените во новата верзија на Андроид ќе им се допаднат на корисниците?

Објавено на 4 март, 2016 во 07:11

Според мислењето на најголемиот дел на корисниците на Андроид, App Drawer иконата е многу важна и поради тоа овој оперативен систем се разликува од iOS оперативниот систем на Apple затоа што на корисниците им овозможува сами да го одредат начинот на кој што ќе се прикажуваат апликациите на нивниот паметен телефон.

Поради тоа, на интернет веднаш започнаа да кружат гласини за тоа дали Андроид „N“, новата верзија на оперативниот систем која ќе се појави оваа година, целосно ќе ја исфрли App Drawer иконата, или пак корисниците ќе добијат можност за самите да изберат, дали иконата ќе биде тука, или пак не.

Видеозаписот кој Гугл го објави на ЈуТјуб и Твитер кај Андроид корисниците предизвика бура на негодувања затоа што е прикажан телефон кој ја нема иконата за главното мени, таканаречената App Drawer.Доколку тие промени навистина се случат, популарниот оперативен систем Андроид нема повеќе да биде ист.

 

извор: tocka.mk

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.