Факти за нашата планета кои не сте ги знаеле
Еве неколку факти за Земјата кои сигурно не сте ги знаеле:
– Земјата патува низ вселената со 66.700 милји на час.
– Земјата е позната како „Сината Планета”. Зошто? – Затоа што од вселената, океаните во комбинација со нашата атмосфера прават нашата планета да личи дека има сина боја.
– 6 милијарди километри е најголемата далечина од која некој ја сликал Земјата.
– Светски најдолгата и најжешка пустина е Сахара во Северна Африка, на повеќе од 9,000,000 km² е скоро долга колку САД.
– Човекот во вселената може да преживее две минути без заштита.
– Тардигарата, најотпорното суштество на светот, може да помине 10 денови во вселената.
– Светскиот најсмртоносен земјотрес се појави во 1557 година во центар на Кина, кога повеќе од 830.000 луѓе загинаа.
– Во текот на денот има 24 часа – 23 часови, 56 минути и 4 секунди претставува времето кое и е потребно на Земјата да ротира околу својата оска.
– Високите планини и длабоките океани прават 1/5.000 дел од обемот на Земјата.
– Во вселенските пространства, од лансирањето на „Спутник“, патуваат дури 38.000 предмети создадени од човекот.
– Застрашувачки е фактот дека 75% од видовите животни на Земјата може да изумрат во текот на наредните 300 години. Но она што е успокојувачки е дека се идентификувани само 14% од сите видови на планетата.
– Може да се види огромно загадување на воздухот во Кина од вселената, но не и Кинескиот ѕид.
– Секој ден се раѓаат околу 200.000 бебиња ширум светот.