Придобивки што ни ги нуди наутот
Губење на тежината!
Поради високата содржина на влакна и нискиот Гликемски индекс, наутот е одличен за губење на тежината. Салата со наут е вкусна и може да ве задржи заситени подолг временски период. Одличен протеин како за вегетеријанците така и за останатите!
Наутот е одличен извор на протеин. Комбиниран со жито, тој го достигнува нивото на протеин кој го има во месото. Но што тој нема е поважно, тој ги нема засистените масти и високата вредност на калории.
За жени!
Наутот содржи сапонини, кои делуваат како антиоксиданси. Го намалува ризикот за рак, заштитува од остеопороза и ги минимазира топлите бранови во менопаузата.
Со наут до здраво срце!
Редовна доза на наутот- леблебијата може да го намали лошиот холестерол. Истражувањата покажуваат дека поради значајните нивоа на фолатите и магнезиумот, наутот навистина помага во намалување на ризикот за срцев удар. Доколку имате историја на срцеви болести ви препорачуваме да конзумирате наут.
Моќен извор на железо!
Ова зрно ни дава голема количина на енергија поради тоа што има голема содржина на железо. Ова е многу важно за жените во периодот на менструација, бременоста или периодот на доење. Железото е составен дел од хемоглобинот кој пренесува кислород од белите дробови до сите телесни клетки, што го прави клучно за производството на енергија.
Го стабилизира нивото на шеќер во крвта!
Растворливите влакна помагаат во стабилизирање на нивоата на шеќер. Доколку имате инсулинска резистенција, хипогликемија или шеќерна болест би требало да внесете наут во секојдневната исхрана. Покрај тоа што помага и превенира болести исто така наутот е од голема помош при диета.