Алатка со која сами креирате веб сајт
Револуционерната алатка Asidus WebWizard е сè што ви треба за да креирате веб сајт. Креаторите ја усовршиле алатката до тој степен што не ви се потребни никакви предзнаења за да го креирате својот веб сајт. Сè што ви треба е малку трпение, добра волја и креативност.
Asidus WebWizard е еден од производите на Асидус, софтверска компанија која веќе 6 години нуди интернет решенија за компании од целиот свет.
Креативниот тим на компанијата поставил многу високи стандарди на квалитет, во што и самите се уверивме откако одлучивме изработката на Мој Портал да им ја довериме токму на експертите од Асидус.
Демо верзијата на Asidus WebWizard е одлична можност да се обидете сами да си направите сајт, да го проучите „волшебникот” и да ја разбудите својата креативност.
Обидете се, експериментирајте и уживајте во резултатите од вашиот труд.