Производи кои наскоро нема да ги има на пазарот
Американското списание „Time” состави листа на производи за кои се предвидува дека во наредните неколку години повеќе нема да ги има. Некои од нив во силно развиените земји сигурно ќе ги снема за многу кратко време, а дел од нив сѐ уште ќе се употребуваат во земјите кои се помалку развиени.На овие четири производи им се одбројани деновите:
Blu-ray/DVD player
Сведоци сме на сѐ помалата употреба на DVD плеерите затоа што наместо нив многу повеќе употребуваме USB меморија која собира и по неколку стотина филмови, фотографии и музика.
Додека нивната употреба опаѓаше, растеше побарувачката за Blu-ray читачите. Но аналитичарите предвидуваат дека 2013 година ќе биде последната година во која ќе биде забележан растот за овие производи.
Се предвидува дека за многу брзо време и Blu-ray и DVD player читачите ќе ја доживеат истата судбина како што пред многу години ја доживеаја аудио и видео касетите заедно со касетофоните и видео рекордерите.
GPS за автомобили
Повторно како виновник и за изумирањето на GPS направите за навигација се наведува паметниот телефонот, чија продажба во последните шест години се зголеми на 1.3 милијарди.
Секој Android и iOS телефон во себе содржи мапи за навигација па затоа и користењето на GPS уредите сѐ помалку и помалку се произведува, а и бара на пазарот.
Треба само уште да се поработи на издржливоста на батеријата за овие телефони во целост да можат да ги заменат GPS уредите за навигација.
Kлучеви за автомобили
Иако делува неверојатно големи се шансите во иднина да не треба повеќе да користиме клучеви за автомобилите. Со брзиот развој на технологијата клучевите во иднина или ќе добијат сосема нов изглед и поинаку ќе функционираат, или ќе бидат заменети со користење на паметните телефони.
Апликацијата OnStar Remote Link која на пазарот ја понуди Chevrolet е добар пример за тоа како со помош на својот телефон сопственикот на возилото може да го отклучи или заклучи својот автомобил.
Дигитални фото апарати
За изумирањето на дигиталните фото апарати вината повторно се префрла на паметните телефони. Кога Apple го престави својот iPhone 4 на пазарот во 2010 година, приказната за дигиталните фото апарати, камерите како и за фотографиите во целост се промени.
Фотографиите кои се прават со паметните телефони полека се изедначуваат со квалитетот на фотографиите кои се прават со дигиталните фото апарати, а во некои случаи и се подобри од нив.
Поради намалената продажба на дигиталните фото апарати, светски познатите компании Nikon, Canon и Sony направија план според кој се договорија да произведуваат дигитални фото апарати кои ќе бидат наменети само за професионалците и за оние кои сакаат да се занимаваат со правењето на добри фотографии.