Како батеријата да трае што подолго
Сакале ли да признаеме или не,но сите наши апарати не вредат ништо ако батеријата во нив не е наполнета.Доколку сакаме батеријата да ни трае подолго време и да ни служи верно,треба да се грижиме за неа. Како? Со помош на неколку едноставни совети.
Колку често ги полните своите уреди-лаптоп,мобилен телефон?Дали забележавте дека треба се почесто да ги полните?За полнењето на нашите преносни уреди најмногу размислуваме кога батеријата при крај или веќе вика по струја.Остатокот од времето го игнорираме фактот дека тие уреди имаат батерија која заради се потанките и помали уреди не може да имаат и голем капацитет.Во текот на годините се појавија и неколку совети кои ги предупредуваа корисниците да не ги дополнуваат батериите бидејќи така ќе го намалат нивниот капацитет.Други пак предупредуваа никогаш да не дозволат да им се испразни батеријата до крај а трети пак зборуваа дека батеријата треба да се дополнува кога се може тоа.Бидејќи со текот на годините батериите се изменија па така и советите на бројните корисници повеќе не се сигурни како треба да се однесуваме со своите батерии.Затоа не е лошо да испробате неколку совети како подолго да ја одржите батеријата во што подобра форма.
Компјутери
Лаптоп,нотбук,нетбук,ултарбук или нешто друго,нема врска.Во просек литиум јонската батерија во преносниот компјутер има век на траење од 18 до 24 месеци меѓутоа можете да и го продолжите животниот век ако не ја преполнувате. Имено главен непријател на вашата батерија е високата температура а температурата внатре во преносниот компјутер кој работи неколку часа вклучен во струјата може да достигне и над 40 степени.Батеријата би требало да се држи наполнета помеѓу 20 и 80 насто.Исто така животот на батеријата може да се продолжи иако обезбедите добро ладење на вашиот преносен компјутер.Затоа е најдобро батеријата да се полни кога компјутерот не е во употреба.Иделано би било да се извади батеријата ако компјутерот го користите во канцеларија или дома и директно да го споите со изворот на електрична енергија,на тој начин се спречува прегревање и преполнување на батеријата со што се продолжува нејзиното траење.
Мобилни телефони,камери и други апарати
И овде се применува правилото како и кај преносните компјутери- батеријата нека биде меѓу 20 и 80 насто и подалеку од извор на топлина.Исто така би требало да се избегнува користење на уредот за време на многу ниски температури бидејќи студот дополнително ќе ја испразни батеријата.Ако поедини уреди нема да се користат долго време би требало батеријата прво да се наполни на отприлика 40 насто а потоа да се извади од уредот. Имено батериите сами со текот на времето ја губат енергијата а со делумно полнење се осигурува заради празнење батеријата не дојде на опасно ниски нивоа од кои не може да се опорави.Со вадење на батеријата од уредот ја отстранувате можноста за краток спој со кој вашиот уред би бил целосно уништен.Исто така одвреме навреме би требало батеријата да се испразни во целост и потоа да се наполни до крај.Оваа постапка не влијае толку на нејзиниот капацитет колку на сензорот кој мери колку е полна батеријата и сигнализира кога таа е при крај.Имено тие сензори заради постојаните полнења со текот на времето стануваат непрецизни па треба да се ресетираат како точно би знаеле кога треба да ја наполните батеријата.