БлекБери претстави нов смартфон
Објавено на 4 март, 2015 во 08:30
BlackBerry го претстави својот нов смартфон Leap за време на СМК 2015 во Барселона, и навести дека можеби почнале да го вртат грбот на она кое ги направи светски познати – телефон со вградена тастатура.
Уредот располага со екран осетлив на допир од 1280 x 720 пиксели и ја нема добро познатата тастатура со мали копчиња, која се истакнуваше во претходните уреди на компанијата. Цената по која ќе се нуди Leap е 275 долари. Има оперативен систем BlackBerry 10 OS. Leap располага со 8 МП задна и 2 мегапикселна предна камера. Уредот доаѓа со 2GB и 16GB RAM и може да поддржува microSD меморија до 128 GB.