Безжично полнење на батеријата на мобилниот
Научници од Универзитетот во Вашингтон успешно тестираа Wi-Fi полнење на батерии за електронски уреди. Радио сигналот се пренаменува во електрична енергија. За почеток екпсериментот е успешен. Научниците сметаат дека нивниот метод може да овозможи полнење на батериите во радиус од 8.5 метри.
„Го оптимизиравме рутерот на тој начин што ќе доставува доволно енергија до сензорот, без притоа да влијае премногу на Wi-Fi-то. Наместо да имаме константна енергија на еден од вашите Wi-Fi канали, ние ја поделивме истата количина помеѓу трите засебни канали. Тоа ни овозможува да ја доставиме безмалку истата количина на енергија, без значаен импакт по било кој од каналите“, објаснува Брајс Келог.
Во поново време, одредени телефони, како Samsung Galaxy S6 доаѓаат со опција за „безжично полнење“, што и не е така сјајно – сепак морате да го оставите телефонот на еден вид на специјална подлога.