Овој освежувачки напиток совршено разладува во летните денови
Ако сте љубител на кафе, тогаш не се откажувате од омилениот пијалок дури и во лето, па ако барате малку поинакви варијанти, ќе бидете воодушевени од оваа идеја, која ја вклучува вкусната Нутела. Потребни се само неколку минути за да го подготвите овој вкусен пијалок и ќе ве освежи за еден момент.
Состојки:
-3 чаши ладно млеко (1 чаша околу 250 мл)
-2 чаши мраз
-2 лажици Нутела
-2 лажици инстант кафе
-3 лажици шеќер (или повеќе во зависност од вкусот)
-сладолед, шлаг
-1-2 лажички чоколадни трошки
Подготовка:
Ставете го млекото, нутелата, кафето, шеќерот и мразот во сад и убаво изматете ги со рачен миксер или ставете во блендер, така што мразот ќе се распадне и смесата ќе стане пенлива. Ставете топка сладолед од ванила или чоколадо во висока чаша и потоа прелијте ја со ладено кафе. Украсете со малку шлаг и чоколадни трошки по желба.