Твитер се подготвува за драстично зголемување на бројот на корисници
Објавено на 15 јуни, 2022 во 15:33
Твитер се подготвува за својот најамбициозен квартал од растот на корисниците.
Твитер наводно подготвува драстично зголемување на корисниците за овој квартал. Тие имаат за цел да ги зголемат секојдневните активности на корисниците, рекламирањето и монетизацијата. Крајната цел е 13 милиони, што е највисока цел досега.
Твитер успеа да постигне раст од 8,5 милиони корисници и тоа беше најдобриот квартал досега. Како планира да се зголеми на 13 милиони корисници се уште не е познато. Сепак, по оваа изјава акциите на Твитер почнаа да растат.