Природен лек за црнките

Објавено на 13 јануари, 2016 во 07:56

Трајно решение за црнките на лицето, со производи кои секој ден ви се пред очи!

Откако ќе го испиете утринското кафе оставете го талогот од кафето да се олади. Потоа истиот нанесете го на чиста бела крпа и ставете го на лицето. Протријте го вашето лице добро со кружни движења и измијте го со ладна вода.

После овој чекор потребен ви е еден сад со чај од камилица со сеуште висока температура. Наместете го вашето лице над садот и прекријте се со крпа.

Држете ја оваа положба десет минути. Пареата од камилица ќе им годи на вашите синуси, но она што е важно за нашата процедура е дека ќе ги извади сите црнки на површината на кожата.

Третата и најважна постапка е да се подготви смеса од една чаша минерална вода и четири лажици сода бикарбона.

Оваа смеса нанесете ја на лицето со тоа што треба да се избегнува површината околу очите. Држете ја смесата на лицете 10 минити и отстранете ја.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.