Козјото млеко и сирење се извор на здравје

Објавено на 15 јануари, 2016 во 07:27

Козјото  млеко е еден од најздравите видови храна, особено кога станува збор за млечни производи. Својата хемиска структура е неверојатно слична на мајчиното млеко. Козјо млеко може да послужи како природен лек.

Козјото млеко содржи витамини, минерали, амино-киселини, квалитетни протеини, масти, а е добар извор и на рибофлавини. Козјото млеко содржи доста калциум, кој е многу важен за одржување на цврстината и густината на коските. Исто така, содржи и доста калиум, кој е есенцијален минерал за одржување на нормалниот крвен притисок. Козјото млеко содржи витамини, минерали, амино-киселини, квалитетни протеини, масти, а е добар извор и на рибофлавини. Козјото млеко содржи доста калциум, кој е многу важен за одржување на цврстината и густината на коските. Исто така, содржи и доста калиум, кој е есенцијален минерал за одржување на нормалниот крвен притисок.

Козјото млеко е извор на високо квалитетни протеини, на витамини и на минерали. Еден литар козјо млеко содржи 32 грама протеини, што е доволна дневна потреба за дете од 11 години, односно 70% од дневната потреба на една трудница.

Козјото млеко полесно се вари во желудникот, бидејќи неговите масти се составени од помали честички, за разлика од мастите од кравјото млеко, кои се потешки за варење.

Козјото млеко е добар извор на минерални материи, кои му се потребни на човечкиот организам. Одличен е ивор на витамини. Еден литар козјо млеко ја содржи дневната потреба за витамини за човечкиот организам.

Од козјото млеко се прави и сирење, кое е многу здраво. Во светот постојат 450 вида козјо сирење. Козјото млеко и сирење се препорачува за прочистување на организмот и за зголемување на имунитетот.

Со оглед на фактот дека козите ja јадaат кората на растенијата млекото е богато со силициум диоксид, кој е минерал кој помага за  здрава кожа, коса, нокти и нервниот систем.

Здравствени придобивки

Козјото млеко содржи квалитетни протеини, масти, витамини, минерали. Масните киселини во козјото млеко имаат позитивно влијание при интестинални проблеми, срцеви заболувања, така да даваат енергија, а во исто време ја намалуваат количината на лош холестерол.

Козјото млеко содржи доста калциум, кој е многу важен за одржување на цврстината и густината на коските. Исто така, содржи и доста калиум, кој е есенцијален минерал за одржување на нормалниот крвен притисок.

Козјото млеко содржи повеќе селен во споредба со кравјото млеко, а селенот е важен антиоксиданс кој помага превентивно при канцер и болести на крвните садови. Козјото млеко полесно се вари во желудникот, бидејќи неговите масти се составени од помали честички, што го прави природно хомогенизирано за разлика од кравјото млеко. Некои луѓе кои се алергични на кравјо млеко, можат да пијат козјо млеко. Тоа се должи на помалата застапеност на лактоаблумин протеин кој во кравјото млеко го има во значително поголеми количини.

Козјото млеко содржи помалку лактоза, така што лесно може да го консумираат лица кои се чувствителни кон лактозата. Според истражувањата само едно дете од стотина деца, кои се алергични на кравјо млеко, не го поднесува и козјото млеко.

Децата кои се хранети со козјо млеко побрзо растат, имаат поголема телесна маса, подобра минерализација на коските во споредба со нивните врсници хранети со кравјо млеко. Покрај тоа кај оваа испитувана група на деца, количината на витаминот А, тиаминот, рибофлавинот, ниацинот и хемоглобинот биле на повисоко ниво.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.