Кокосот – егзотичен плод
Кокосот се смета за најкорисно дрво на светот, а од него се добиваат храна, и пијалок. Речиси ништо од кокосот не се фрла, особено во Филипините, каде што го нарекуваат “дрво на животот.
Кокосовата вода, може да послужи како итна краткорочна интравенска течност за хидратација. Ова е можно затоа што кокосовата вода има високо ниво на шеќер и други соли што го прави возможно да се користи во крвотокот, слично како современите рингеров лактат раствор или декстроза.
Кокосот не содржи холестерол. Единствено што е лошо кај него е богатството на натриум 252 мг и големото количество калории 45 што се добиени од шеќерите 6 г.
Тој е егзотичен плод кој е составен од повеќе корисни слоеви, има карактеристичен мирис и вкус што го прави единствен и омилен вкус на многу луѓе, се користи во секаков вид на слатки, сокови и козметички препарати. Кокосот главно се состои од кокосова течност, кокосово месо и тврда дрвенеста обвивка.
Кокосот луѓето го користеле уште многу одамна, од него правеле разни специјалитети, коктели, разни слатки и други видови храна. За многу луѓе омилениот дел од кокосот е кокосовото млеко. Кокосовото месо покрај тоа што е вкусно и има карактеристичен мирис е и многу здраво.
Освен ова кокосовото млеко содржи забележителни количини на калциум, калиум, магнезиум, селен и др. Иако кокосот содржи и заситени масни киселини, месото и млекото од кокосот се сметаат за една од најздравите храни на светот. Кокосовото млеко се нарекува еликсир на животот, а сите истражувања потврдиле дека луѓето кои редовно го консумирале живееле многу долго. Освен тоа кокосовото млеко е вистински мелем за кожата, тоа е симбол на убавината и нежноста.