Праските го продолжуваат животот
Праските се богати со витамини и минерали, но содржината на калиум е причината Кинезите да веруваат во чудесната сила. Тие го продолжуваат животот на човекот.Недостатокот на калиум во нашето тело може да доведе до многу сериозни проблеми како стрес, напнатост, слабост во телото. Недостатокот на калиум се одразува на кожата, меморијата слабее, но најважните проблеми кои се јавуваат во отсуство на калиум се поврзани со функционирањето на срцето.
Ако земате лекови за намалување на крвниот притисок, тоа доведува до ограничување на калиум во организмот и до сериозни здравствени проблеми. Калиумот во праските помага за регулирање на крвниот притисок. Преку нив се обезбедуваат 332 мг калиум. Праските содржат големо количество витамини – во една голема праска има 1.4 мг ниацин или 14% од дневната вредност на витамин Б3.
Праските се корисни за кожата, бидејќи содржат витамин Ц – Витаминот Ц се смета за важен витамин на кожата, а исто така тој е и анти-оксидант кои помага при лекувањето на ракот на кожата, помага во борбата со белите крвни клетки. Витаминот Ц треба да се зема редовно, ако сакаме да имаме здрава кожа. Праските можат да придонесат за лечење на многу болести и особено за лекување и превенција на ракот и проблемите поврзани со функционирањето на срцето.
Праските имаат благотворно влијание врз стомачните пореметувања. Праски содржат влакна, кои се важни за функционирањето на телото и за стимулирање на отделителниот систем на организмот. Праските помагаат за отстранување на отпадните материи од телото и не штитат од рак на дебелото црево. Прочистувањето на цревата преку потрошувачката на праски доведува до отстранување на штетните материи од телото. Дополнителна корист од тоа е намалување на нивото на холестерол.
Праските исто така помагаат кожата да изгледа свежо и убаво, а тенот да си ја добие својата природна боја. Цветовите од праските имаат и седативен ефект и можат да се користат за смирување со варење во вода, но сепак за оваа намена обично се користат други билки како валеријана, маточина, нане, камилица и други за да не се уништуваат цветовите од праската.
Праските се корисни за луѓето кои страдаат од: анемија, астма, бронхитис, песок и камчиња во бубрезите, сува кашлица, гастритис, висок притисок, тешкотии во варењето на храната.