Лекување со масло од сончоглед!
Доктор Карач од Украина препорачува едноставна и делотворна метода на детоксикација и оздравување на човечкиот организам со помош на масло од сончоглед или сусамово масло.
Оваа терапија, секојдневно со матење на маслото во усната шуплина се отстрануваат отровните супстанци од телото со што се зајакнува имунитетот и организмот станува способен сам да се избори со болеста, без земање налекови кои премногу често се пропратени со несакани појави.
Маслото ги вшмукува разните микроорганизми и отрови од крвта низ слузокожата на устата само ако некое време го матите во устата.
За маслото се врзуваат штетни материи а кога ќе се исплука после 5 до 10 минути тие отрови заминуваат од телото. На овој начин може да се спречи појава на тумор и канцерогени процеси.
Терапијата ја отстранува главоболката, забоболката, бронхитис, тромбоза, замор, чир на желудникот, болести на цревата, заболувања на срцето, бубрезите и разни женски болести.
Предноста е во едноставноста и цената а нема штетни реакции. Може да се спроведува и подолго време.
Употребете ладно цедено сончогледово или сусамово масло, наутро пред појадок, земете една лажица масло и матете го во устата. Секојдневно правете го тоа 15 до 20 минути, време потребно маслото постепено да се разградува. Жолтото масло на крајот на третманот мора да биде побледо речиси бело и поретко. Бидејќи ќе го исплукате ,измијте ја усната шуплина со вода и измијте ги забите од евентуалниот лош здив.