Масло за сончање по рецепт на нашите баби!
Направете природно масло за сончање по рецепт кој настанал во добата кога модерните препарати ги немало а на луѓето им била неопходна заштитата од сонцето.
Во стаклено шише со поширок отвор или малку поголема тегла ставете неколку изрендани моркови,неколку исечкани зелени ореви,неколку цветови од лаванда а може да се додаде и жалфија. Наполнете го шишето со отприлика 60-70 отсто од таа содржина а пота залијте го до врв с маслиново масло. Смесата се остава на сонце 20 до 25 дена со секојдневно протресување на шишето а на крај се процедува низ неколку слоја газа. Маслиновото масло има природен заштитен фактор 2 што е занамерлива заштита за денешното зрачење но природно поголем фактор имаат морковот и оревот што значително го подигнува заштитниот фактор на нашето масло а освен тоа и ја негува кожата. Морковот е богат со бета каротин и витамин А и се користи во модерните препарати за сончање бидејќи ај обновува кожата и го забавува нејзиното стареење но и го забрзува нејзиното потемнување.
Лавандата и жалфијата исто така се одлични за нега на кожата,делуваат против воспалително и на акните,изгорениците,раните а лековитата жалфија го намалува и целулитот. Освен тоа овие состојки на маслото ќе му дадат и пријатен мирис.