Билките во служба на здравјето
Секој пат кога ќе се разболите, па дури и кога патите од надуеност, посегнувате по разни лекови. Меѓутоа, сега можете да искористите некои билки од вашата градина со кои ќе решите некои од симптомите кои ги имате.
Ѓумбир – Секојдневно конзумирајте ѓумбир или чај од ѓумбир бидејќи може да ублажи некои од непосакуваните цревни симптоми. мала количина на ѓумбир додајте во намирниците кои секојдневно ги конзумирате. Можете да земете една лажица нарендан ѓумбир пред јадење на својот оброк.
Анасон – Семките можете да ги издробите или да ги оставите цели, па да припремите чај. Оваа билка ќе ви помогне да ги опуштите мускулите и да го олесните излезот на заробените гасови.
Магдонос– Магдоносот е здрав за целиот дигестивен систем. Можете да го користите сув како зачин или свеж.
Глуварче – Глуварчето има бројни здравствени придобивки. Можете да го користите како чај, и исушено како зачин во храната.