Чај од липа
Мај е месецот на липите. Пријатниот мирис кој го шират овие прекрасни дрва е вистински дар од природата. Цветовите се берат токму овој период, се сушат и се користат за чај. Цветот на липата има неверојатна лековита моќ и наоѓа голема примена во лечењето по природен пат.
Липата е природно средство за опуштање и смирување, го зајакнува организмот, а се користи и при зголемена температура.
Ги штити крвните садови и го намалува ризикот од срцев удар.
Чајот од липа се препорачува и за жените во менопауза кои имаат проблеми со несоница и нервоза.
Овој чудесен пијалак помага и при следните болести:
– Го намалува крвниот притисок;
– Ја чисти крвта и бубрезите;
– Ги намалува болките при мокрење;
– Помага кај лицата кои имаат камења во бубрезите;
– Го спречува опаѓањето на косата;
– Спречува воспаление на плуќата;
– Помага при настинки, грип и воспаление на дишните патишта.
Чајот од липа е драгоцен лек кој може да го користат и деца.
Се препорачува за секого, освен за лицата кои пијат лекови за срце, лекови за намалување на притисокот и лекови кои обично се земаат по преживеан мозочен удар. Липата го зголемува дејството на овие лекови, затоа пијте чај од липа откако ќе завршите со терапијата.