Масло од сусам: егзотика и здравје
Објавено на 5 јуни, 2015 во 09:04
Ладното цедено масло од сусам има специфична арома и дава посебен вкус на маринадите.
Ова егзотично масло содржи големи количини на калциум,железо,магнезиум,доста омега 3 и омега 9 киселини,па е препорачливо за поширока употреба,особено во исхраната на дијабетичарите.
Ова лековито масло,исто така ги јакне забите и коските а кожата ја прави поздрава и посвежа. Истражувањата покажаа дека го спречува воспалението на непцата и појава на забни наслаги а помага и во случаи на депресија.
Се препорачува за пржење на пониски температури до 170°C.