Предностите на циметот во исхраната
Во минатото циметот се користел како природен лек за многу болести, а модерните истражувања го докажале неговото позитивно влијание.
Потврдено е дека циметот помага при: воспаленија и инфекции,го спречува ширењето на леукемија и лимфома,ги ублажува проблемите при варење,го регулира нивото на шеќер во крвта,помага при слабеење,ги ублажува ревматските болки,ја подобрува активноста на мозокот,го намалува количеството на лош холестерол,ги ублажува менструалните болки
Ако сакате, пак, да го изгубите вишокот на килограми, пробајте ја комбинацијата од мед и цимет. Помешајте една кафена лажичка мед со половина лажичка цимет. Оваа мешавина сварете ја во малку вода (колку што собира една шолјичка за кафе). Напитокот поделете го во два дела, едната половина за наутро – половина час пред појадокот на празен стомак, а втората половина испијте ја половина час пред да одите на спиење. Резултати ќе забележите веќе после две недели.