Кафето можеби го штити црниот дроб
Спрема мислењето на некои научници кафето кај лицата кои консумираат премногу алкохол би можела да ја намали опасноста од појава на оштетување на црниот дроб.
Анализирајќи ги податоците за здравствената состојба и навиките на 90 илјади Јапонци,собирани десет години,научниците од Токио неодамна открија дека кај луѓето кои речиси секој ден пијат од една до две шољи кафе ризикот да заболат од рак на црнот дроб е на пола помал отколку кај оние кои никогаш не пијат кафе. Истражувачкиот тим утврди не утврди зошто кафето има такво дејство но потсети дека тоа е богато со антиоксиданси и дека повеќето испитувања вршени со животни најавиле дека тие супстанци ја спречуваат појавата на рак на црниот дроб.
Овие научници не ја отфрлаат и можноста дека за намалување на ризикот од споменатата болест се заслужни некои други,неидентификувани материи кои постојат во кафето. Бидејќи иако обратиле внимание и на пиењето на зелениот чај кој содржи разни антиоксиданси тие сепак не забележале дека и зелениот чај штити од рак на црниот дроб.